свет, Коронавирус

СЗО: Со развојот на вакцините, светлоста на крајот од тунелот сè посилна

- Генералниот директор на СЗО ги поздрави позитивните вести за вакцината против Ковид-19, но предупреди дека таа треба да се дистрибуира фер

Ekip  | 24.11.2020 - Обновена : 25.11.2020
СЗО: Со развојот на вакцините, светлоста на крајот од тунелот сè посилна

ЖЕНЕВА

Со моменталниот развој на вакцината, светлоста на крајот од тунелот од Ковид-19 станува сè посилна, рече синоќа Тедрос Гебреисус, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гебреисус, кој зборуваше на вебинарот за коронавирусот во Женева, даде оптимистичка проценка за развојот на вакцината откако неодамнешните податоци покажаа дека во последните 4 недели се забележани повеќе случаи на Ковид-19 отколку во првите шест месеци од пандемијата.

Во исто време предупреди дека „итноста со која вакцината е развиена мора да одговара со истата итност за да може праведно да биде распоредена.

„Со најновите позитивни вести за испитувањето на вакцината, светлоста на крајот од овој долг, мрачен тунел станува сè посветла. Сега постои реална надеж дека вакцината, во комбинација со други проверени методи и мерки на јавното здравство, ќе помогне во запирањето на пандемијата“, рече Гебреисус.

Тој нагласи дека ниту една вакцина во историјата не е развиена толку бргу како сега.

„Научната заедница има нов стандард за развој на вакцината. Сега меѓународната заедница мора да постави нов стандард за пристап до вакцините“, смета првиот човек на СЗО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.