свет, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа осум лица, регистрирани 144 нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие животот го загубија 8 лица, претходно заразени со Ковид-19, со што бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 683

Admir Fazlagic   | 18.09.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа осум лица, регистрирани 144 нови случаи

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 144 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 16.417, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие животот го загубија 8 лица, претходно заразени со Ковид-19, со што бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 683.

Институтот за јавно здравје на информира дека се регистрирани 97 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти изнесува 13.732.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.002.

Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на Ковид -19, од кои 1.545 во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın