свет, Коронавирус

Светска здравствена организација: „И најподготвените земји се мачат со вакцините“

„Сепак, дури и најподготвените земји со најголеми капацитети се борат да ги испорачаат вакцините во димензија, старосни групи и обем кој е потребен“, истакна О'Брајан.

Ekip   | 27.01.2021
Светска здравствена организација: „И најподготвените земји се мачат со вакцините“

ЖЕНЕВА 

Шефицата за имунизација на Светската здравствена организација (СЗО), Кетрин О'Брајан, изјави дека и најподготвените земји се мачат во текот на вакцинацијата против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Таа говореше на онлајн конференцијата која ја организира Асоцијацијата на Обединетите нации во Женева (ACANU), во која учествуваше и Сет Беркли, извршниот директор на Меѓународната алијанса „Гави“, која има за цел да овозможи пристап до вакцините и на сиромашните земји.

„Веќе имавме реален напредок во тоа да докажеме дека вакцините се безбедни, ефикасни и со висок квалитет“, рече О'Брајан, додавајќи дека вакцините се дистрибуираат низ светот.

Како што оцени таа, тоа не е мало достигнување.

„Сепак, дури и најподготвените земји со најголеми капацитети се борат да ги испорачаат вакцините во димензија, старосни групи и обем кој е потребен“, додаде таа.

Според неа, ќе биде потребна сила, енергија и експертиза на сите низ светот за да им се овозможи на земјите тој процес да го направат ефикасно.

„Светот е свесен дека повеќето вакцини се доставени на развиените земји, додека многумина се борат да ги добијат. Веќе обучивме десетици илјади работници за употреба на овие вакцини“, рече О'Брајан.

Во текот на конференцијата, извршниот директор Беркли наведе дека „Гави“ верува оти КОВАКС-програмата ќе овозможи дистрибуција на речиси 2,3 милијарди дози вакцини против коронавирусот низ светот до крајот на годината.

„Од таа бројка, околу 1,8 милијарди дози ќе бидат достапни на помалку развиените земји бесплатно, вклучувајќи и повеќе од 700 милиони дози за нациите на Африка“, рече Беркли.

Тој наведе и дека моментално се оди според планот кој подразбира вакцинација на 20 отсто од популацијата на секоја помалку развиена земја, што е доволно да се заштитат медицинските работници и најризичните групи на населението.

Како што додаде, меѓу предизвиците со кои се соочува „Гави“ е и тој дека се собрани околу 6 милијарди од вкупно 8 милијарди долари неопходни за набавка и испорака на вакцините.

Беркли ја поздрави и најавата за приклучување на САД на КОВАКС-програмата.

„Од клучно значење е да се обрне внимание на втората генерација вакцини, како и на новите варијанти на вирусот“, заклучи Беркли.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın