свет, Коронавирус

Саудиска Арабија: Вакцинацијата против Ковид-19 услов за овогодишниот аџилак

Саудискиот министер за здравство, Тавфиг бин Фавзан ал Рабијах, одржа состанок со ресорните официјални претставници на таа земја и соопшти дека сите заинтересирани за учество на овогодишниот аџилак мора да ја примат вакцината против Ковид-19.

Hamdi Yıldız   | 02.03.2021
Саудиска Арабија: Вакцинацијата против Ковид-19 услов за овогодишниот аџилак

РИЈАД

Властите на Саудиска Арабија соопштија дека вакцинацијата против коронавирусот (Ковид-19) ќе биде еден од основните услови за овогодишниот аџилак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Саудискиот министер за здравство, Тавфиг бин Фавзан ал Рабијах, одржа состанок со ресорните официјални претставници на таа земја и соопшти дека сите заинтересирани за учество на овогодишниот аџилак мора да ја примат вакцината против Ковид-19.

Весникот „Указ“ јавува дека министерот Ал Рабијах исто така им наложил на ресорните служби благовремено да ги подготват амбулантните пунктови и здравствениот персонал кој за време на аџилакот ќе биде ангажиран во Мека и Медина.

Тој побара и формирање на комисија за Ковид-19 што ќе ја анализира ситуацијата и ќе дава препораки и наредби поврзани со аџилакот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın