свет, Коронавирус

САД: Од почетокот на пандемијата 300.000 смртни случаи повеќе од вообичаено

Најголем релативен пораст, од 26,5 отсто, забележан е кај луѓе на возраст од 25 до 44 години

Ekipa   | 21.10.2020
САД: Од почетокот на пандемијата 300.000 смртни случаи повеќе од вообичаено

ЊУЈОРК (АА) - Нов извештај за коронавирусот Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) покажува дека од почетокот на пандемијата регистрирани се 300.000 смртни случаи повеќе отколку вообичаено, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) ги следеше евидентираните бројки на смртни случаи и ги споредуваше со бројките регистрирани во претходните години. Обично во САД, меѓу почетокот на февруари и крајот на септември се бележат околу 1,9 милиони смртни случаи. Оваа година бројот на починати изнесува речиси 2,2 милиони, што е пораст од 14,5 отсто.

Од Центарот соопштија дека коронавирусот бил присутен кај околу две третини од 300.000 смртни случаи што се над вообичаениот број во претходните години. Официјалните претставници на Центарот нагласија дека коронавирусот веројатно бил фактор и во многу други смртни случаи. Како пример ја наведуваат можноста дека лицата со симптоми на срцев удар не сакале да отидат во болниците кои се исполнети со пациенти со Ковид-19.

Најголем сегмент од покачениот број смртни случаи, околу 95.000, отпаѓа на постарите лица на возраст од 75 до 84 години. Тоа е за 21,5 отсто повеќе отколку вообичаено во другите години. Меѓутоа, најголем релативен пораст, од 26,5 отсто, забележан е кај луѓе на возраст од 25 до 44 години. Бројот на смртни случаи кај луѓето помлади од 25 години опаднат е во мал процент.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın