свет, Коронавирус

САД: Од последиците на зараза со коронавирус починаа 3.170 лица

- Последните податоци кои ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека во последните 24 часа се потврдени 21.555 нови случаи на заразување, со што бројот на заразени е зголемен на 164.610.

Islam Doğru   | 31.03.2020
САД: Од последиците на зараза со коронавирус починаа 3.170 лица

ЊУЈОРК

Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од новиот тип на коронавирус починаа 657 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во САД секојдневно расте бројот на заразените и починатите од Ковид-19.

Последните податоци кои ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека во последните 24 часа се потврдени 21.555 нови случаи на заразување, со што бројот на заразени е зголемен на 164.610. Воедно во истиот период починале 657 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во САД изнесува 3.170 лица.



По САД следува Италија, со потврдени 101.739 случаи на зараза и Шпанија со 94.417.

Жариштата на пандемијата со коронавирус во САД сѐ уште се Њујорк и Њу Џерси.

Во Њујорк вчера имаше 59.746 заразени, а денес 67.384. Следуваат Њу Џерси со 16.636 и Калифорнија со 7.394 случаи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın