свет, Коронавирус

САД: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 96.389

Во САД во последните 24 часа се потврдени 27.261 случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.622.342

Islam Doğru   | 22.05.2020
САД: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 96.389

ЊУЈОРК

Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.373 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 96.389 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.

Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 27.261 случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.622.342.

Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.373 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 96.389.

Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Русија со 326.448 откриени случаи, Бразил со 312.074 откриени случаи, и Шпанија со 280.117 откриени случаи.

Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.

Во Њујорк откриени се 366.357 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 28.885 лица.

Во САД досега се извршени 13 милиони 486 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус дистигна речиси 383.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın