свет, Коронавирус

Русија ја спроведува 3. фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против Ковид-19

Вакцината развиена во соработка на „КанСино“ и кинеската Воена медицинска академија, има за цел со посредство на безопасен аденовирусен вектор во човековото тело да ги пренесе генетските компоненти на Ковид-19 и да предизвика имунолошка реакција

Emre Aytekin   | 22.09.2020
Русија ја спроведува 3. фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Во Русија започна тестирањето на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на луѓе, што ја произведе кинеската фармацевтска компанија „КанСино“ (CanSino), пренесува Агенција Анадолија (АА).

На страницата „Clinical Trials Arena“ е објавено дека руската компанија „Петровакс“ во Москва ја започнала третата фаза на клиничките испитувања на потенцијалната вакцина наречена „Ad5-NCov“.

Вакцината развиена во соработка на „КанСино“ и кинеската Воена медицинска академија, има за цел со посредство на безопасен аденовирусен вектор во човековото тело да ги пренесе генетските компоненти на Ковид-19 и да предизвика имунолошка реакција.

Првата и втората фаза на тестирањето се спроведени во Кина, а тестирањата на третата фаза на 9 август започнаа во Саудиска Арабија. Дозволата за третата фаза на испитувања во Пакистан е дадена на 19 август, а во Русија на 3 септември.

Планирано е клиничките испитувања, во кои би требало да учествуваат 40.000 лица, да бидат спроведени во Бразил и Чиле.

Во Кина, во која изби Ковид-19, се спроведуваат клинички испитувања за девет потенцијални вакцини, од кои три се во прва, две во втора, а четири во трета фаза.

Јавните фармацевтски компании, меѓу кои се „Синофарм“ (Sinopharm), „Синовак“ (Sinovac) и „КанСино“ (CanSino), во овие проекти соработуваат со Воената медицинска академија, Институтот за вирологија во Вухан и со Институтот за биолошки производи во Пекинг.

Покрај вакцината што ја разви „КанСино“, вакцината „КоронаВак“, што ја разви „СиноВак“, и вакцината за која „Синофарм“ соработуваше со Институтот за вирологија во Вухан и со Институтот за биолошки производи во Пекинг, се двете потенцијални вакцини во кои научниците имаат најмногу надеж.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), до 21 септември во светот се водени клинички испитувања за 38 потенцијални вакцини против Ковид-19 и претклинички испитувања за 149 потенцијални вакцини.

Со новиот тип Ковид-19 во светот се заразени повеќе од 31,5 милиони луѓе, а од последиците на вирусот починаа повеќе од 969.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın