свет, Коронавирус

Русија ја одобри вакцината „Спутник лајт“ која се дава во една доза

„Стапката на ефикасност од околу 80 отсто е поголема од онаа на многу вакцини за кои се потребни две дози“

Elena Teslova   | 06.05.2021
Русија ја одобри вакцината „Спутник лајт“ која се дава во една доза

МОСКВА (АА) - Русија денес ја одобри верзијата на вакцината „Спутник ве“ која се употребува во една доза, јавува Агенција Анадолија (АА).

Една доза од „Спутник лајт“ е доволна за да предизвика силен имунолошки одговор, соопшти рускиот Фонд за директни инвестиции (RDIF).

Ефикасноста на „Спутник лајт“ беше 79,4 отсто од 28-миот ден по примањето“, се вели во соопштението.

„Стапката на ефикасност од околу 80 отсто е поголема од онаа на многу вакцини за кои се потребни две дози“, соопшти рускиот Фонд.

Оттаму информираат дека стапката на ефикасност е пресметана врз основа на податоците од првата и втората фаза на испитувањата реализирани од 5 декември 2020 година до 15 април 2021 година.

Третата фаза од клиничкото испитување со учество на 7.000 луѓе е во тек во Русија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Гана и некои други земји, а резултатите се очекуваат во мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın