свет, Коронавирус

Русија: Регистриран рекорден број на откриени и смртни случаи од Ковид-19

Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа рекордни 524 лица, со што вкупната бројка на починати во земјата порасна на 38.062

Dmitri Chirciu   | 26.11.2020
Русија: Регистриран рекорден број на откриени и смртни случаи од Ковид-19

МОСКВА (АА) - Во Русија во последните 24 часа е регистриран рекорден број нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) како и смртни случаи како последица на овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 25.487 нови случаи на вирусот.

Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 2.187.990.

Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа рекордни 524 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 38.062.

Оздравеа уште 25.073 лица, со што вкупниот број на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.685.492 лица.

Во Русија досега направени се над 74,2 милиони тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın