свет, Коронавирус

Русија: Од Ковид-19 досега починаа 19.799 лица

Во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 се излекувани 5.750 лица, со што вкупниот број на излекувани се зголеми на 923.699

Ali Cura   | 23.09.2020
Русија: Од Ковид-19 досега починаа 19.799 лица

МОСКВА (АА) - Во Русија во изминатите 24 часа се регистрирани 6.431 нов случај на вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 1.122.241, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 соопшти дека во изминатите 24 часа борбата со Ковид-19 ја изгубиле 150 лица и дека вкупниот број на починати е зголемен на 19.799.

Во соопштението се наведува дека во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 се излекувани 5.750 лица, со што вкупниот број на излекувани се зголеми на 923.699.

Се истакнува дека стапката на раст на бројот на заразени и понатаму изнесува 0,6 проценти, додека кај 24,2 од новозаразените станува збор за асимптоматски пациенти.

Руската служба за јавно здравје и заштита на потрошувачите соошти дека од почетокот на пандемијата, на присуство на Ковид-19 направени се 43.600.000 тестирања.

Во Русија првиот случај на заразување е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın