свет, Коронавирус

Русија: Во последните 24 часа починаа 346, откриени над 16.000 случаи со Ковид-19

Рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во земјата откриени се 16.202 нови случаи на вирусот

Dmitri Chirciu   | 28.10.2020
Русија: Во последните 24 часа починаа 346, откриени над 16.000 случаи со Ковид-19

МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 26.935, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.563.976, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 16.202 нови случаи на вирусот.

Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.563.976.

Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 346 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 26.935.

Оздравеа уште 12.361 лице, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.171.301 лице.

Во Русија направени се над 58,7 милиони тестирања за Ковид-19.

Во оваа земја е донесена одлука за повторно интензивирање на мерките против Ковид-19, во чии рамки е задолжително носењето маски на јавни места, во јавниот транспорт, такси-возилата, паркинзите и во лифтовите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın