свет, Коронавирус

Русија: Бројот на случаи со Ковид-19 достигна речиси 840.000

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.482 случаи

Ali Cura   | 31.07.2020
Русија: Бројот на случаи со Ковид-19 достигна речиси 840.000

МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 13.963, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 839.981, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.482 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 839.981.

Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 161 лице. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 13.963.

Во Русија излекувани се уште 8.755 лица, додека вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 638.410.

Досега во Русија направени се над 28 милиони и 100 илјади тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın