свет, Коронавирус

Рохани: „Ќе ги продолжиме мерките се додека не се најде вакцината“

Наведувајќи дека извештаите презентирани на состанокот биле „ветувачки“, Рохани рече: „Се надевам дека во наредните денови ќе достигнеме постабилна и по спокојна состојба.“

Ahmet Dursun   | 01.08.2020
Рохани: „Ќе ги продолжиме мерките се додека не се најде вакцината“

АНКАРА

Иранскиот претседател, Хасан Рохани истакна дека се додека не се најде прифатлива вакцина против коронавирусот (Ковид-19) во земјата ќе продолжат строгите мерки а оние кои нема да го спроведуваат мерките ќе бидат казнети, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во својата изјава по состанокот на Националниот комитет за борба против коронавирусот кој се одржа во главниот град Техеран, претседателот Рохани се осврна на епидемискиот процес во земјата.

Наведувајќи дека извештаите презентирани на состанокот биле „ветувачки“, Рохани рече: „Се надевам дека во наредните денови ќе достигнеме постабилна и по спокојна состојба.“

Рохани рече дека нема да ги ублажат мерките против Ковид-19.

„Сите мерки што ги соопшти Националниот комитет за борба против коронавирусот, Министерството за здравство ќе ги спроведува силно се додека не се најде прифатлива вакцина“, рече Рохани.

Рохани наведе дека повеќето луѓе ги почитуваат здравствени упатства.

„Ако продолжиме на овој начин, дефинитивно ќе имаме добри вести во наредните недели. Извештаите исто така покажуваат дека во канцеларии, банки и центрите каде има гужви здравствените регулативи и протоколите се почитуваат“, рече претседателот на Иран.

Тој додаде дека мал број на граѓани не ги спроведуваат мерките, Рохани рече: „Ако некој не ги почитува мерките, треба да биде казнет. Треба да се идентификуваат лицата што ги кршат правилата и да се преземат неопходни мерки. Казните треба да бидат прогласени и јавноста треба да биде информирана.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın