свет, Коронавирус

Рекорден број смртни случаи во Индија: Од последици на коронавирусот починаа 4.329 лица

Регистриран е најголемиот број на починати од вирусот во едно деноноќие од почетокот на пандемијата во март минатата година

Sümeyye Dilara Dinçer   | 18.05.2021
Рекорден број смртни случаи во Индија: Од последици на коронавирусот починаа 4.329 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Во Индија од последици предизвикани од коронавирусот во последните 24 часа починаа 4.329 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Станува збор за најголем број на починати од вирусот од почетокот на пандемијата во март минатата година.

Од Министерството за здравство на Индија е соопштено дека во последните 24 часа се регистрирани 263.533 новозаразени.

Експертите сметаат дека вистинските бројки за заразени и починати би можело да се многу поголеми од официјалните податоци.

Вкупниот број на заразени во Индија од почетокот на пандемијата е зголемен на 25.228.996, а бројот на починати на 278.719.

Активни се 3.353.765 случаи на Ковид-19.

Од Министерството за здравство на Индија вчера наведоа дека ситуацијата во земјата се стабилизирала.

Во Индија, која има околу 1,4 милијарди жители, кампањата на масовна имунизација започна на 16 јануари, а досега се дадени 182.926.460 дози на вакцини. Сепак, сè уште не е постигнато нивото потребно за запирање на ширењето на пандемијата.

Властите наведоа дека вакцинацијата сè уште не достигнала ниво кое може да ја запре епидемијата.

Индискиот институт за серуми објави дека на земјата ѝ недостасуваат вакцини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın