Пусти улиците на турските градови поради мерките за ограничување на движењето
Мерката на ограничено движење во текот на викендот на сила стапува во 20 часот и трае до 10 часот наутро, а на улиците е можно да се видат само возилата на оние кои имаат дозвола за движење.

ИСТАНБУЛ/ИЗМИР
Во Турција во текот на викендот важат мерките на ограничено движење со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), поради што се пусти улиците на градовите во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истанбул, еден од најнаселените градови во светот, во утринските часови во текот на викендот е пуст.
Мерката на ограничено движење во текот на викендот на сила стапува во 20 часот и трае до 10 часот наутро, а на улиците е можно да се видат само возилата на оние кои имаат дозвола за движење.
Слични кадри забележи и фоторепортерот на АА во Измир, чии граѓани ја почитуваат мерката на ограничено движење.
Мерката воглавно ја почитуваат и граѓаните на останатите градови.
Во Турција на присуство на коронавирусот (Ковид-19) се извршени повеќе од 18,2 милиони тестирања. Позитивни на Ковид-19 се 487.912 лица,а починаа 13.373 лица. Оздравеа 396.227 лица, а бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 78.312.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.