свет, Коронавирус

Продолжува високата смртност поради Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

- Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.808 лица во Бразил, 592 во Мексико, 217 во Аргентина, 326 во Колумбија, 259 во Перу, 35 во Чиле, 53 во Еквадор, 27 во Боливија, 37 во Гватемала, 57 во Хондурас...

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 14.04.2021
Продолжува високата смртност поради Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

БОГОТА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.808 лица во Бразил, 592 во Мексико, 217 во Аргентина, 326 во Колумбија, 259 во Перу, 35 во Чиле, 53 во Еквадор, 27 во Боливија, 37 во Гватемала, 57 во Хондурас, 89 во Парагвај и 52 во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.808 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 358.425.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 82.186, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.599.994.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.074.798 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 592 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.293 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 210.294 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.286.133, а досега оздравеа 1.815.237 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 217 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 58.174. Во истиот период детектирани се 27.001 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.579.000.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.262.875 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 13. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 326 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 66.482.

Во последното деноноќие детектирани се 16.377 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.569.314. Во оваа земја досега оздравеа 2.408.624 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 259 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 901 новозаразен.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.659.707, од кои починаа 55.489 лица, а оздравеа над 1.584.425 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 35 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 24.518.

Во истиот период регистрирани се нови 5.718 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 1.088.710, а оздравеа вкупно 1.020.925 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 53 смртни случаи, вкупно 17.351 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 519 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 347.589.

Досега во Еквадор оздравеа 298.604 лица што биле позитивни на коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 27 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.099.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 284.183, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.496. Досега оздравеа 233.646 лица позитивни на коронавирусот.


- Гватемала

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 37 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 7.057. Во истиот период детектирани се 2.013 новозаразени, вкупно 205.322 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 187.052 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.


- Хондурас

Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја Ковид-19 е детектиран кај 618 лица, додека од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 12 лица.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 196.704, додека од почетокот на пандемијата досега во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 4.873 лица, а оздравеа 76.081 лице кај кои претходно е детектиран коронавирусот.


- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 89 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 2.599 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 240.141, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.978.

Досега оздравеа 196.718 лица позитивни на коронавирусот.


- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 62 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 1.595.

Во истиот период детектирани се 2.257 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 149.430 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 116.533 заразени со Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.