свет, Коронавирус

Претседателот на иранскиот Парламент позитивен на Ковид-19

Претседателот на иранскиот Парламент, Мухамед Бакир Калибаф, е заразен со новиот вид коронавирус, во изолација продолжува со работата

Ahmet Dursun   | 28.10.2020
Претседателот на иранскиот Парламент позитивен на Ковид-19

АНКАРА (АА) - Претседателот на иранскиот Парламент, Мухамед Бакир Калибаф, е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Заразен беше еден од нашите колеги во канцеларијата. На полноќ беше објавен и резултатот на мојот тест, кој беше позитивен“, истакна Калибаф преку социјалните мрежи.

Тој нагласи дека е во изолација и дека ќе продолжи со работа.

Инаку, во Иран во текот на месецот, со Ковид-19 беа заразени претседателот на Институцијата за буџет и планирање, Мухамед Бакир Нобахт, кој има својство и на потпретседател на државата, како и Али Екбер Салихи, претседателот на Институтот за атомска енергија.

И покрај преземените мерки, се забележува раст кај случаите со коронавирусот во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın