свет, Коронавирус

Повеќе од 6,3 милиони лица во светот се заразени со Ковид-19

- Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за пандемијата, бројот на заразените ширум светот достигна 6.300.892 лица.

Nuri Aydın   | 01.06.2020
Повеќе од 6,3 милиони лица во светот се заразени со Ковид-19

АНКАРА

Бројот на заразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 6,3 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за пандемијата, бројот на лица позитивни на Ковид-19 ширум светот изнесува 6.300.892 лица.

САД со 1.839.679 потврдени случаи е земја со најмногу заразени.

По нив следуваат Бразил (514.992), Русија (414.878), Шпанија (286.509), Велика Британија (274.762), Италија (232.997), Индија (193.473), Франција (188.882) и Германија (183.564).

Останатите земји со повеќе од 50.000 потврдени случаи на заразени со вирусот се Перу (164.476), Турција (163.942) Иран (154.445), Чиле (99.688), Канада (90.947), Мексико (90.664), Саудиска Арабија (87.142), Кина (83.017), Пакистан (72.460), Белгија (58.517) и Катар (58.433).

Коронавирус за првпат е забележан во кинескиот град Вухан во декември 2019, а за кратко се прошири на повеќе од 200 земји и региони ширум светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın