свет, Коронавирус

Пентагон изрази благодарност до Турција за помошта кон Шпанија и Италија

- Пентагон ја изрази својата благодарност до Турција за помошта во медицинска опрема што ја пратила за Шпанија и Италија во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Kasım İleri   | 10.04.2020
Пентагон изрази благодарност до Турција за помошта кон Шпанија и Италија

ВАШИНГТОН

Заменик-потсекретарот на Министерството за одбрана на САД за НАТО и Европа, Мајкл Рајан, изјави дека САД ја изразуваат својата благодарност до Турција за помошта во медицинска опрема што ја пратила за Шпанија и Италија во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Рајан, кој од Пентагон одржа прес-конференција по пат на видеолинк, зборуваше дека Русија и Кина шират дезинформациите во земјите членки на НАТО во врска со пандемијата на Ковид-19.

Потенцирајќи дека постои сериозна соработка во борбата против пандемијата на Ковид-19 меѓу земјите членки на НАТО, Рајан, одговарајќи на прашање, изрази благодарност до Турција за помошта во медицинска опрема што ја пратила за Шпанија и Италија и додаде: „Крајно сме благодарни за помошта кон Шпанија и Италија. Не сум информиран дали Турција ѝ помогнала и на некоја друга европска земја, но не би се зачудил доколку сторила такво нешто, бидејќи Турција е многу великодушна земја.“

Министерството за одбрана на Турција во воените фабрики и работилниците за шиење, што се во неговиот состав, од сопствени и национални можности заедно со институциите за машинска и хемиска индустрија произведува медицински материјали кои како помош со воен авион им ги испрати на Шпанија и Италија, кои се најпогодени од пандемијата на Ковид-19.

Авион со медицинска помош Турција испрати и за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Косово, а денес воен карго авион со медицинска помош полета кон Велика Британија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın