спорт, Коронавирус

Олимписки игри во Токио: Откажано носењето на факелот низ Осака поради Ковид-19

- Поради зголемувањето на бројката на новозаразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во јапонскиот град Осака, откажано е носењето на факелот со олимпискиот оган низ овој град предвидено за следната недела

Ahmet Furkan Mercan   | 08.04.2021
Олимписки игри во Токио: Откажано носењето на факелот низ Осака поради Ковид-19 Фото: Дога Кирмизиоглу / Агенција Анадолија

ТОКИО

Поради зголемувањето на бројката на новозаразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во јапонскиот град Осака, откажано е носењето на факелот со олимпискиот оган низ овој град предвидено за следната недела, известува Агенција Анадолија (АА).

Гувернерот на Осака, Јошимура Хирофуми, организира прес-конференција на која соопшти дека е откажана прошетката на носењето на факелот со олимпискиот оган низ Осака закажана за 13 и 14 април поради пандемијата на Ковид-19.

Потсетувајќи дека е забележано зголемување на бројката на новозаразени на дневно ниво, гувернерот Јошимура изјави дека во рамките на превентивните мерки, на жителите на Осака им препорачува да избегнуваат да излегуваат доколку немаат неопходна потреба од тоа.

Од друга страна, Муто Тоширо, извршниот директор на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, изјави: „Неизбежно е да се смени форматот за да се намали ризикот“, истакнувајќи дека ја почитува одлуката на Гувернерството.

Во рамките на церемонијата на носење на олимпискиот факел низ Јапонија, која започна кон крајот на март на островот Фукушима, во североисточниот дел на земјата, беше планирано факелот да помине низ 47-те јапонски префектури, и на 23 јули да пристигне во Токио.

Олимпијадата во Токио која требаше да се одржи од 24 јули до 9 август 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот е одложена и презакажана е за периодот од 23 јули до 8 август 2021.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın