свет, Коронавирус

Од последици предизвикани од Ковид-19 досега во Италија животот го загубија 12.428 лица

- Забележано е забавување во бројот на новозаразените, во споредба со двоцифрениот пораст забележан од почетокот на епидемијата.

Barış Seçkin   | 31.03.2020
Од последици предизвикани од Ковид-19 досега во Италија животот го загубија 12.428 лица

РИМ

Во Италија денес се потврдени 837 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од вирусот изнесува 12.428, сѐ уште највисока бројка во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сепак може да се каже дека е забележано забавување во бројот на новозаразените, во споредба со двоцифрениот пораст забележан од почетокот на епидемијата.

Моменталниот број на новозаразени се искачиза 2,8 отсто од вчера, со што вкупниот број изнесува 77.635. Бројот на излекувани лица изнесува 15.729.

Епицентарот на епидемијата во Италија останува во северниот регион Ломбардија, при што само таму бројот на жртви достигна бројка од 7.199 лица.

Италијанските експерти велат дека епидемијата сѐ уште не го достигнала својот врв во таа земја, но дека се приближува кон таа точка.

Се очекува Владата на Италија во почетокот на април да одобри нов декрет, со кој би се продолжиле мерките за ограничено движење за уште најмалку две недели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın