свет, Коронавирус

Од последици предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 1.223 лица, во Мексико 782, во Индија 487

- Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.223 лица во Бразил, 782 во Мексико и 487 во Индија

Zehra Ulucak   | 09.07.2020
Од последици предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 1.223 лица, во Мексико 782, во Индија 487

АНКАРА

Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.223 лица во Бразил, 782 во Мексико и 487 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бразил е втора земја во светот најпогодена од пандемијата на коронавирусот. Во последните 24 часа од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.223 лица.

Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие се регистрирани 1.223 смртни случаи поврзани со заразеност на Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 67.964. Во истиот период детектирани се 44.571 позитивен случај на коронавирусот, со што вкупната бројка на лица кај кои е откриен коронавирусот се искачи на 1.713.160.

Во државата Сао Паоло со приближно 46 милиони население, која е центар на трговијата во земјата, регистрирани се 341.365 случаи на заразеност со Ковид-19 и 16.788 смртни случаи предизвикани од заразеност со коронавирусот, што ја прави „најпогодена бразилска држава од пандемијата на вирусот“.

Досега во земјата оздравеле 1.020.901 заразено лице со коронавирусот.

Во исто време, Бразил со популација од над 221 милион луѓе претставува „епицентар на пандемијата во Латинска Америка“.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е познат по својот потценувачки став кон пандемијата, соопшти дека и самиот е заразен со новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Институтот за географија и статистика на Бразил претходно објави дека во мај се регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.


- Бројот на смртни случаи во Мексико се зголеми на 32.796

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа регистрирани се 782 смртни случаи, со што бројката на починати се зголеми на 32.796

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Мексико изнесува 275.003, од кои 6.995 се детектирани во последните 24 часа.

Во Мексико оздравеа 167.795 лица заразени со коронавирусот.


- Пандемијата на Ковид-19 причина за смртта на 21.129 лица во Индија

Соопштение во врска со пандемијата на коронавирусот во Индија објави тамошното Министерство за здравство, во кое се вели дека во последните 24 часа вирусот е причина за смртта на 487 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 21.129.

Во Индија во последните 24 часа детектирани се 24.879 лица позитивни на коронавирусот, кои ја зголемија вкупната бројка на заразени на 767.296.

Досега оздравени се 475.387 лица кои биле позитивни на Ковид-19.

Според интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, Индија е трета земја според бројката на детектирани лица позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın