свет, Коронавирус

Од Ковид-19, во последните 24 часа во Индија починаа 1.178 лица, 863 во Бразил

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.178 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 97.529

Sinan Doğan,Emel Gözellik   | 30.09.2020
Од Ковид-19, во последните 24 часа во Индија починаа 1.178 лица, 863 во Бразил

АНКАРА

Пандемијата на новиот тип коронавирус во последните 24 часа е причина за смртта на 1.178 лица во Индија и на 863 во Бразил, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.178 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 97.529.

Покрај тоа, во последните 24 часа се откриени уште 80.472 случаи со овој вирус. 

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 6.225.763.

Досега во земјата, која има популација од над 1,3 милијарди, од Ковид-19 оздравеа 5.187.825 лица.

- Бразил

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 863 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 142.921 лице.

Дијагностицирани се нови 32.058 новозаразени, со што вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирусот порасна на 4.777.522.

Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 4.084.182.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın