свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.155 лица, во Бразил 904

Министерството за здравство на Индија соопшти дека од вирусот Ковид-19 во земјата починале уште 1.155 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 94.534

Emel Gözellik   | 27.09.2020
Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.155 лица, во Бразил 904

АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.155 лицa, во Бразил 904, а во Мексико 399, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.155 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 94.534.

Покрај тоа, во последните 24 часа се откриени уште 88.600 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.992.532.

Досега во земјата, која има популација од над 1,3 милијарди, од Ковид-19 оздравеа 4.941.627 лица.

- Бразил -

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 904 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 141.441 лице.

Дијагностицирани се нови 28.502 новозаразени, со што вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирусот порасна на 4.718.115.

Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 4.050.837.

- Мексико -

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 399 лица.

Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 76.243.

Во Мексико се откриени 5.573 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 726.431.

Досега во земјата оздравеа 521.241 лице претходно заразени со Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın