свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа 692 лица, во Мексико 473

Според Министерството за здравство на Бразил, со починатите 692 лицa во изминатите 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 58.314 лицa

Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik   | 30.06.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа 692 лица, во Мексико 473

БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 692 лицa, во Мексико 473 лица, додека во Индија 423 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 692 лицa вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 58.314 лицa.

Во Бразил се откриени уште 24.052 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.368.195.

Сао Пауло, чие население брои 46 милиони, е најтешко погодениот регион во земјата, со 275.145 случаи и 14.398 починати досега.

Вирусот зеде 9.848 животи во Рио де Жанеиро, каде што досега се заразени 111.883 лица. Рио де Жанеиро е втор најпогоден град од коронавирусот во земјата.

Во земјата од Ковид-19 досега оздравеа 757.462 лица.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

- Во Мексико бројот на заразени со Ковид-19 се искачи на 220.657 -

Бројот на починати од коронавирусот во Мексико достигна 27.121, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале 473 лица.

Бројот на дијагностицирани случаи е зголемен на 220.657, со 3.805 новозаразени во последните 24 часа.

Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај на 19 март.

- Во Индија од коронавирусот во последните 24 часа починаа 413 лица -

Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа потврдени се 19.212 случаи на Ковид-19, а починаа 413 лица.

Вкупната бројка на заразени со вирусот се зголеми на 567.530, додека вкупната бројка на починати се искачи на 16.898.

Бројот на излекувани од Ковид-19 во земјата порасна на 334.972.

Според веб-страницата „Worldometer“, која ги прикажува податоците за Ковид-19 од земјите во светот, Индија е на четврто место со најголем број евидентирани случаи на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın