свет, Коронавирус

Меѓународниот комитет на Црвен крст го повика Израел да го намали бројот на палестинските затвореници

- Меѓународниот комитет на Црвен крст (ICRC) денес го повика Израел да го намали бројот на палестинските затвореници во израелските затвори, поради епидемијата на коронавирус

Ekip   | 31.03.2020
Меѓународниот комитет на Црвен крст го повика Израел да го намали бројот на палестинските затвореници

ГАЗА

Меѓународниот комитет на Црвен крст (ICRC) денес го повика Израел да го намали бројот на палестинските затвореници во израелските затвори, поради епидемијата на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Коронавирусот е голем предизвик за раководството на израелските затвори, но нивната обврска во контекст на правата на затворениците останува иста, без оглед на потешкотиите во екот на актуелната здравствена криза. Ги советуваме израелските власти во затворите во таа земја и на окупираната територија да го намалат бројот на затвореници“, се наведува во соопштението на Црвениот крст.

Истакнувајќи дека ја разбираат загриженоста на семејствата на затворениците зад решетки, од Црвениот крст рекоа дека тие ќе продолжат да ги посетуваат затворите за да се обезбеди грижа за палестинските затвореници.

Во неделата, палестинската власт побара од Црвениот крст да ги заштити затворениците во израелските затвори.

По епидемијата во Вухан која се појави во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 178 земји и региони низ светот, чиј епицентар стана Европа, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, од последиците предизвикани од вирусот починаа повеќе од 40.600 лица, а заразени се повеќе од 823.000 ширум светот, додека околу 174.000 лица се излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.