Турција, Коронавирус

Лекарите предупредуваат: Омикрон кај невакцинираните би можел да биде еднакво смртоносен како и варијантата Делта

„Ќе го доживееме врвот кај невакцинираните. Оваа болест, заедно со Омикронот, ќе прерасне во пандемија за невакцинираните“

Mehmet Sıddık Kaya   | 12.01.2022
Лекарите предупредуваат: Омикрон кај невакцинираните би можел да биде еднакво смртоносен како и варијантата Делта

ДИЈАРБАКИР (АА) - МЕХМЕД СИДИК КАЈА -

Информациите за Омикрон се сѐ уште ограничени. Можен е уште еден врв кај невакцинираните луѓе, бидејќи Омикронот е исто толку ефективен и смртоносен како и варијантата Делта за невакцинираните лица, предупреди д-р Хакан Акелма од Универзитетскиот клинички центар „Гази Јашаргил“ во турскиот град Дијарбакир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Специјалистот анестезиолог и реаниматолог Акелмa за АА говореше за неговата битка против Ковид-19.

Акелма кон крајот на 2020 година бил заразен со коронавирусот и по влошувањето на состојбата бил лекуван на Одделението за интензивна нега во болницата каде што работел. Објаснувајќи дека останал на Одделението 15 дена и дека бил во тешка состојба, Акелма рече дека поминал и сфатил низ какво искушение поминуваат заразените со Ковид-19.

„Тогаш, всушност, сфатив низ што минуваат луѓето. Делумно, го знаев тоа преку лекувањето на пациентите, но кога се разболев, поблиску видов што, всушност, чувствуваат тие. Моето чувство на емпатија се зголеми уште повеќе“, рече Акелма.

- Приближно 2.500 пациенти во последната година -

Посочувајќи дека врвот на варијантата Делта го достигнале во август минатата година, Акелма рече дека како здравствени работници продолжуваат немилосрдно да се борат против епидемијата.

Во изминатата година болницата каде што работи Акелма, лекувала околу 2.500 пациенти со Ковид-19.

„Повеќето од нив беа на интензивна нега. Околу 20 отсто од пациентите ги загубија животите. Имавме директен контакт со пациентите и ја чувствувавме нивната болка. Веќе две години се бориме со пандемијата и подобро ја знаеме болеста, знаеме како да се бориме со оваа болест“, рече Акелма.

Тој, исто така, додаде дека на почетокот на пандемијата изгубил неколку свои колеги лекари.

„Изгубив пет мои пријатели лекари. Таа болка беше неподнослива. Во тоа време имав и Ковид-19. Подоцна, со воведувањето на вакцините, спречивме тешка болест и смрт на наши пријатели, лекари и здравствени работници. Тоа ни даде мотив“, изјави Акелма.

Тој ја искоментира и варијантата на коронавирусот, Омикрон, што брзо се шири и рече дека има информации дека Омикрон не го зголемил бројот на пациенти на интензивна нега. Но, Акелма смета дека тоа не може да се каже со сигурност.

„Мислиме дека тоа не е сериозно, но можеме да наидеме на уште еден врв кај невакцинираните луѓе, бидејќи Омикронот е исто толку ефективен и смртоносен како варијантата Делта кај невакцинираните луѓе, како и кај невакцинираните луѓе кои имаат коморбидитети“, предупреди д-р Акелма, и додаде:

„Ќе го доживееме врвот кај невакцинираните и мислиме дека нема да има дом во којшто вирусот нема да влезе. Информациите за Омикрон се сè уште ограничени. Загрижени сме поради зголемувањето на бројот на пациенти. Речиси и нема да има дом каде што болеста нема да дојде. Тоа може пропорционално да го зголеми и бројот на хоспитализации.“

Акелма ги повика граѓаните да продолжат со интересот за вакцинација и да ја довршат вакцинацијата.

„Ќе го доживееме врвот кај невакцинираните. Оваа болест, заедно со Омикронот, ќе прерасне во пандемија за невакцинираните“, заклучи Акелма.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın