свет, Коронавирус

Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 1.347 лица во Бразил и на 420 во Колумбија

- Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да биде причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 20.04.2021
Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 1.347 лица во Бразил и на 420 во Колумбија

БОГОТА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да биде причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.347 лица во Бразил, 127 во Мексико, 248 во Аргентина, 420 во Колумбија, 307 во Перу, 100 во Чиле, 71 во Парагвај и 63 во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.347 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 374.682.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 30.624, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.973.695.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.460.712 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 127 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.308 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 212.466 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.306.910, а досега оздравеа 1.833.132 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико, е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 248 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 59.476. Во истиот период детектирани се 20.461 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.714.475.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.386.383 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 420 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 68.748.

Во последното деноноќие детектирани се 14.189 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.667.136. Во оваа земја досега оздравеа 2.488.246 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 13. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 307 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 559 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.707.787, од кои починаа 57.537 лица, а оздравеа над 1.636.286 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 100 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 25.277.

Во истиот период регистрирани се нови 6.643 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 1.131.340, а оздравеа вкупно 1.060.826 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 71 смртен случај како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 2.278 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 252.443, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 5.384.

Досега оздравеа 207.803 лица позитивни на коронавирусот.


- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 63 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 1.971.

Во истиот период детектирани се 2.297 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 167.033 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 136.304 заразени со Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.