свет, Коронавирус

Ковид-19 продолжува да одзема голем број животи во Латинска Америка: 1.910 починати во Бразил, 857 во Мексико

Во последните 24 часа од коронавирусот во Бразил починаа 1.910 лица, 857 во Мексико, 376 во Аргентина, 110 во Колумбија, 195 во Перу, 71 во Еквадор и 31 во Боливија

Sinan Doğan   | 04.03.2021
Ковид-19 продолжува да одзема голем број животи во Латинска Америка: 1.910 починати во Бразил, 857 во Мексико

БОГОТА (АА) - Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа од коронавирусот во Бразил починаа 1.910 лица, 857 во Мексико, 376 во Аргентина, 110 во Колумбија, 195 во Перу, 71 во Еквадор и 31 во Боливија.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.910 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 259.271. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 71.704, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 10.718.630.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.591.590 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 857 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.793 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 188.044 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.104.987, а досега оздравеа 1.650.230 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 376 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 52.453. Во истиот период детектирани се 14.508 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.126.531.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.921.589 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 110 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 60.082.

Во последните 24 часа детектирани се 3.047 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број заразени со вирусот се искачи на 2.262.646. Во оваа земја досега оздравеа 2.160.555 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 195 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.445 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.344.969, од кои починаа 47.089 лица, а оздравеа над 1.250.047 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Еквадор -

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 71 смртен случај, вкупно 15.921 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 2.747 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 289.472. Досега во Еквадор оздравеа 247.898 лица што биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 31 смртен случај предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 834.

Вкупниот број заразени во оваа земја изнесува 251.391, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.734. Досега оздравеа 195.099 лица позитивни на коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.