свет, Коронавирус

Ковид-19 продолжува да е причина за висока смртност во земјите на Латинска Америка

По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.386.440 лица претходно позитивни на Ковид-19.

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 28.02.2021
Ковид-19 продолжува да е причина за висока смртност во земјите на Латинска Америка

БОГОТА

Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.386 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 254.221. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 61.602, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 10.517.232.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.386.440 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 783 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.246 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 185.257 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.084.128, а досега оздравеа 1.630.002 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 59 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 51.946. Во истиот период детектирани се 5.469 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.104.197.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.899.087 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 142 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 59.660.

Во последните 24 часа детектирани се 3.343 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.248.135. Во оваа земја досега оздравеа 2.145.450 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 205 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.581 новозаразен.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.323.863, од кои починаа 46.299 лица, а оздравеа над 1.225.994 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 76 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 20.476.

Во истиот период регистрирани се нови 4.523 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 821.418, а оздравеа вкупно 776.955 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 66 смртни случаи, вкупно 15.779 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 1.748 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 284.347. Досега во Еквадор оздравеа 238.817 лица што биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 19 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 656.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 248.547, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.628. Досега оздравеа 192.553 лица позитивни на коронавирусот.

- Гватемала

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 26 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 6.374. Во истиот период детектирани се 521 новозаразен, вкупно 174.335 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 161.129 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın