свет, Коронавирус

Ковид-19 причина за смртта на 599.181 лице во САД

- Според податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последното деноноќие се детектирани 11.315 новозаразени со коронавирусот, вкупно 33.438.248 од почетокот на епидемијата во САД.

Betül Yürük   | 12.06.2021
Ковид-19 причина за смртта на 599.181 лице во САД

ЊУЈОРК 

Бројот на лица што ги загубија своите животи како последица на заразата со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во САД се зголеми за 431 во последните 24 часа, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во оваа земја на 599.181, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последното деноноќие се детектирани 11.315 новозаразени со коронавирусот, вкупно 33.438.248 од почетокот на епидемијата во САД.

Во последните 24 часа од последиците на заразеност со Ковид-19 во САД животот го загубија 431 лице, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 599.181.


- Повеќе од 142 милиони луѓе ја примија втората доза од вакцината

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), кој го следи процесот на вакцинација против Ковид-19 во САД, во оваа земја над 172 милиони луѓе ја примиле првата доза, а повеќе од 142 милиони луѓе ја примиле и втората доза од вакцината против Ковид-19.

По САД, кои се рангирани на првото место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, следува Индија со повеќе од 29.259.000 лица позитивни на Ковид-19 и Бразил со над 17.296.000 случаи.

Според бројката на смртни случаи како резултат на заразеност со Ковид-19, по САД следуваат Бразил со над 484.000 и Индија со над 367.000 починати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın