свет, Коронавирус

Ковид-19 причина за смртта на 524 во Индија, во Кина ситуацијата е под контрола

Во Јужна Кореја е забележано највисоко ниво на новозаразени на дневна основа во последните 8 месеци

Emre Aytekin   | 27.11.2020
Ковид-19 причина за смртта на 524 во Индија, во Кина ситуацијата е под контрола

АНКАРА

Во Индија која е една од земјите најмногу погодени од пандемијата на Ковид-19 продолжува да се зголемува бројката на новозаразени и на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во Кина коронавирусот е под контрола, додека во Јужна Кореја е забележано највисоко ниво на новозаразени на дневна основа во последните 8 месеци, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот починале уште 524 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 135.223.

Во Индија, земја со над 1,3 милијарди жители, во последното деноноќие детектирани се 43.082 новозаразени, вкупно 9.309.871 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 8.718.517 заразени.

Индија која 10 дена на дневна основа беше земја со најголем број новозаразени во светот, по зголемениот број на лица позитивни на коронавирусот во САД и Бразил, падна на 3. место.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според вкупниот број на заразени, а трета според бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот.

- Јужна Кореја

Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја објави дека по вторпат бројката на новозаразени на дневна основа ја надминала границата од 500.

Во последните 24 часа во земјата се детектирани 569 случаи на заразување со Ковид-19.

Вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 32.887, а оздравеа 27.103 лица претходно заразени со коронавирусот.

Во Јужна Кореја во последните 24 часа животот го загуби едно лице, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 516.

За последен пат бројката на новозаразени во Јужна Кореја го надмина нивото од 500 на 6 март.

- Кина

Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа на основниот континентален дел на Кина детектирани се 5 нови случаи на заразување со Ковид-19 дојдени од странство.

Во Кина со популација од над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа нема починати од последици предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа земја изнесува 86.495.

Од појавата на Ковид-19 досега, во Кина животот го загубија 4.634 заразени, а оздравеа 81.558 пациенти носители на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın