свет, Коронавирус

Ковид-19 причина за смртта на 4.000 лица во последните 24 часа во Индија

- Во Индија, која е една од најпогодените земји во светот од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа животот го загубија 4.000 лица позитивни на вирусот

Nuri Aydın   | 14.05.2021
Ковид-19 причина за смртта на 4.000 лица во последните 24 часа во Индија

АНКАРА

Во Индија, која е една од најпогодените земји во светот од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа животот го загубија 4.000 лица позитивни на вирусот, известува Агенција Анадолија (АА).

Во последното деноноќие во Индија се регистрирани 4.000 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, додека во истиот период се детектирани 343.144 нови случаи на заразување.

Експертите предупредуваат дека вистинските бројки на новозаразени и починати можат да бидат многу поголеми од наведените.

Индија е земја со најголем број на регистрирани случаи на заразување и смртни случаи на дневна основа во светот. Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во оваа земја изнесува 24.04.809, додека вкупниот број на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 26.317.

Во моментов во болниците низ Индија се лекуваат 3.070.893 пациенти.


- Кампања за вакцинација

Министерството за здравство на Индија објави дека во оваа земја со популација од 1,4 милијарди лица досега се дадени 179.029.584 дози вакцини, почнувајќи од 16 јануари досега.

Адар Пунавала, извршниот директор на Институтот за серум во Индија, најголемиот светски производител на вакцини, во интервју за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), дадено претходниот ден, предупреди дека има недостиг на вакцини и дека тоа ќе потрае неколку месеци.

Институтот, кој со компанијата „АстраЗенека“ има договор за производство на вакцината и е обврзана да ја произведува и за потребите на програмата на Светската здравствена организација (СЗО) за пристап до вакцини за заштита од Ковид-19, поради потребата да одговори на итната побарувачка од вакцини во земјата, можно е негативно да се одрази на снабдувањето со вакцини во светот.

САД, Велика Британија, Германија и други земји го интензивираа извозот на лекови, комплети за тестирање и медицински помагала за кислород во Индија, како и супстанциите што се користат во производството на вакцини.

Дабиел Б. Смит, вршител на должност амбасадор на САД во Њу Делхи, изјави дека компонентите за вакцините доставени во земјата ќе помогнат во производството на 20 милиони вакцини на „АстраЗенека“.

Пунавала упати повик до американскиот претседател Џо Бајден да го укине ембаргото за одредени суровини потребни за производство на вакцините.

САД се откажаа од правата на интелектуална сопственост на вакцините за Ковид-19 во знак на поддршка на производството на вакцини. Се проценува дека ваквиот чекор ќе го стимулира производството на вакцини во Индија.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın