свет, Коронавирус

Ковид-19 причина за смртта на над 100.000 лица во Германија

Според Институтот „Роберт Кох“, вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Германија се зголемил на 100.119, од кои 351 лице починаа во последните 24 часа

Cüneyt Karadağ   | 25.11.2021
Ковид-19 причина за смртта на над 100.000 лица во Германија

БЕРЛИН (АА) - Бројката на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Германија надмина 100.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението што го објави Институтот „Роберт Кох“, вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Германија се зголеми на 100.119, од кои 351 лице починаа во последните 24 часа.

Во последното деноноќие во Германија се откриени 75.991 лице позитивни на Ковид-19, што претставува „најголем број на дневни случаи“, регистриран од почетокот на пандемијата досега.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 5.573.756, додека бројката на активни случаи во земјата изнесува 729.200.

Бројот на новозаразени на 100.000 жители на неделно ниво изнесува 419,7.

Во Германија на одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 4.070 пациенти, од кои 2.124 се интубирани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın