Коронавирус

Ковид-19: „Глобалната блокада може да ѝ наштети на економијата и цивилизацијата“

„За да се компензира оваа загуба, се очекува дека индустриите и технологиите на земјите ќе започнат со производство и враќање на глобалниот пазар. Инаку, речиси ниту една земја не може да ја врати својата економска моќ“, рече Авџиоглу

Erdoğan Çağatay Zontur   | 01.04.2020
Ковид-19: „Глобалната блокада може да ѝ наштети на економијата и цивилизацијата“

АНКАРА (АА) - Турските социолошки експерти веруваат дека пандемијата на коронавирусот ќе се повлече откако ќе ја достигне својата врвна точка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Велејќи дека вирусот може да има катастрофални последици врз националните економии, Ѓурсан Шевкет Авџиоглу, социолог од Универзитетот „Селчук“ од Коња, централна Турција, рече дека светот е испреплетен економски, политички и културно, и дека не постои можност за комплетно глобално затворање.

„За да се компензира оваа загуба, се очекува дека индустриите и технологиите на земјите ќе започнат со производство и враќање на глобалниот пазар. Инаку, речиси ниту една земја не може да ја врати својата економска моќ“, рече Авџиоглу.

Тој сепак додаде дека пандемијата докажала оти економската моќ, знаењето и технологијата се алатки за преживување, без разлика на тоа колку земји и општества се инегрирани.

Како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот, земјите презедоа стриктни мерки како што се затворање на гранциите, суспендирање на националните и меѓународните летови и сите видови транспорт.

Воспоставени се дури полициски часови во многу земји, вклучувајќи ги Азербејџан, Индија, Кенија и Унгарија.

Решат Ачикѓоз, исто така социолог на Универзитетот, рече дека исто така верува дека епидемијата е привремен феномен.

„Епидемиите се претежно привремени“, рече тој, и додаде: „Откако ќе ја достигнат својата врвна точка, тие се повлекуваат. Затоа може да има глобална интроверзија, но привремено.“

- Глобалната пандемија има глобални димензии -

„Денес живееме во ерата на глобализацијата, така што епидемиите исто така можат брзо да добијат глобална димензија. Понатаму, мерките преземени досега од страна на државите веќе покажуваат дека глобалната епидемија има и глобални последици“, рече Ачикѓоз.

Ачикѓоз истакна дека секоја земја ќе им даде приоритет на своите граѓани и интересите во текот на појавата на коронавирусот, додавајќи дека повеќето преземени мерки ќе бидат засновани на нивните национални интереси.

- „Сепак, ефектот на вирусот може да има погубни ефекти врз националните економии“

„Здравствените системи може да бидат несоодветни, извозот и увозот може да бидат во прекин, здравствената потрошувачка и придобивките од сиромаштијата можат да го доведат во неволја буџетот. На крајот на краиштата, глобализираниот свет треба да произведе решенија за глобалните проблеми“, рече тој.

Ачикѓоз рече дека иднината на глобалниот свет ќе зависи од новите политики преземени откако пандемијата е под контрола.

„Проблемот е глобален, но решението е национално“, Авџиоглу го цитираше министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, додавајќи: „Ако глобалниот проблем треба да се реши со употреба на национални средства, нацијата мора да биде силна. Зависноста од странство е најголемиот проблем.“

Тој рече дека целосното глобално затворање не само што ќе биде штетно за економијата, туку ќе влијае и на цивилизацијата.

„Материјалниот, моралниот развој и напредокот се одвиваат преку меѓукултурен контакт. Во спротивно, ниту една цивилизација не може да напредува“, додаде тој.

По епидемијата со новиот тип коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 180 земји и региони низ светот, а Европа стана епицентар на пандемијата, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот од коронавирусот се заразени повеќе од 859.796 луѓе. Од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус починаа повеќе од 42.341 лице, а излекувани се 178.301 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın