свет, Коронавирус

Ковид-19 во Латинска Америка: 627 починати во Бразил, 659 во Мексико

- Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 627 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 217.664.

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 26.01.2021
Ковид-19 во Латинска Америка: 627 починати во Бразил, 659 во Мексико

БОГОТА

Во земјите на Латинска Америка повторно има голем број смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил животот го загубија 627 лица, 659 во Мексико, 208 во Аргентина, 373 во Колумбија, 66 во Чиле и 66 во Боливија.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 627 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 217.664. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 26.816, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 8.871.393.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.709.602 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 659 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 8.521 новозаразен.

Во Мексико досега се регистрирани 150.273 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.771.740. Во оваа земја досега оздравеа 1.335.876 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 208 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 47.034. Во истиот период детектирани се 7.578 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.874.801.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.666.527 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 373 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 51.747.

Во последните 24 часа детектирани се 12.261 лице позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.027.746. Во оваа земја досега оздравеа 1.849.194 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 66 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 17.999.

Во истиот период регистрирани се нови 4.068 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 703.178, а оздравеа вкупно 658.324 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 66 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.781.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 202.818, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.051. Досега оздравеа 151.469 лица позитивни на коронавирусот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.