свет, Коронавирус

Ковид-19 во Латинска Америка: 194 починати во Бразил, 303 во Мексико, 100 во Аргентина

Продолжува високата бројка на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan   | 23.11.2020
Ковид-19 во Латинска Америка: 194 починати во Бразил, 303 во Мексико, 100 во Аргентина

БУЕНОС АИРЕС 

Продолжува високата бројка на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пандемијата на новиот тип коронавирус во последните 24 часа одзеде 194 животи во Бразил, 303 во Мексико, 100 во Аргентина, 183 во Колумбија, 62 во Еквадор, 46 во Перу и 39 во Чиле.

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 194 заразени во земјата, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 169.183. Во истиот период детектирани се 18.615 новозаразени, вкупно 6.071.401 од почетокот на пандемијата во оваа земја.

Бројката на оздравени лица во Бразил изнесува 5.432.505.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 303 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 9.187 новозаразени.

Досега во оваа земја се регистрирани 101.676 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.041.875. Во оваа земја досега оздравеа 779.104 лица заразени со Ковид-19.

Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 186 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 37.002. Во истиот период се детектирани 4.184 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.370.366.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.195.492 лица заразени со коронавирусот.

Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени карантинот во одредени подрачја на 10 покраини е продолжен до 29 ноември.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 183 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 35.287.

Во последните 24 часа детектирани се 7.924 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот изнесува 1.248.417. Во оваа земја досега оздравеа 1.150.932 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, се наоѓа на 10. место во светот според бројот на заразени со Ковид-19.

- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 62 смртни случаи, вкупно 13.201 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 767 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 185.643. Досега во Еквадор оздравеа 164.009 кои биле позитивни на коронавирусот.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 46 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 727 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени изнесува 949.670, бројката на починати е 35.595, а бројката на оздравени лица се зголеми на 879.439.

Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 39 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 15.069.

Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.497, односно вкупно 540.640 лица од почетокот на пандемијата, а од коронавирусот оздравени се 516.121 пациенти.

Чиле на 18 март ги затвори своите граници за странците, а на 23 ноември ќе почне да им дозволува влез на туристите во земјата. Луѓето што ќе влезат во земјата мораат да достават негативен тест за Ковид-19, кој е направен најмногу 3 дена пред патувањето.

Во Чиле, каде што по влегувањето во земјата не е потребен карантин, здравствениот статус на оние што ќе влезат во земјата во тек на 14 дена ќе се следи преку мобилна апликација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.