свет, Коронавирус

Ковид-19 во Латинска Америка: Во Бразил починаа 571 лице, во Аргентина 382, во Мексико 418

- Во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Muhammed Emin Canik   | 24.10.2020
Ковид-19 во Латинска Америка: Во Бразил починаа 571 лице, во Аргентина 382, во Мексико 418

БУЕНОС АИРЕС

Во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).



Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 571 лице, во Мексико 418, во Аргентина 382, во Колумбија 166 и во Перу 46 лица.



Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 571 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 156.471. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 30.026, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 5.353.656.



По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 4.797.872 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.


- Аргентина


Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 382 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 28.338. Во истиот период детектирани се 15.718 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.069.368.



Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 866.695 лица заразени со коронавирусот.



Иако Аргентина како превенција од ширењето на коронавирусот спроведе многу долг карантин, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 6. место во светот.



Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени со карантинот на 20 март со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, а потоа карантинот беше продолжен до 25 октомври во 18 покраини. Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, објави дека карантинот е продолжен до 8 ноември во 8 покраини и во главниот град Буенос Аирес.

- Мексико


Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 418 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.604 новозаразени.



Во Мексико, што има популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 88.312 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 880.775. Во оваа земја досега оздравеа 641.075 лица позитивни на Ковид-19.



Мексико со фармацевтските компании „АстраЗенека“, која е од британско и шведско потекло, со американската „Фајзер“ и со кинеската „Кансино“ потпиша договори за купување на вкупно 146 милиони вакцини.



Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, соопшти дека овие договори се постигнати со желба државјаните на оваа земја да бидат меѓу првите што ќе ги добијат вакцините, додавајќи дека вакцините ќе му бидат поделени бесплатно на народот.


Мексико се наоѓа на 10. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.


- Колумбија


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 166 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 29.802.



Во последните 24 часа детектирани се 8.770 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 998.942. Во оваа земја досега оздравеа 901.652 заразени со Ковид-19.



Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 8. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 46 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.098 новозаразени.



Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 883.116, починаа 34.033 заразени, а оздравеа 800.480 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.



Перу со популација од околу 32 милиони жители се наоѓа на 9. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın