свет, Коронавирус

Ковид-19 во Латинска Америка: Во Бразил починаа 1.274 лица, 1.235 во Мексико

Од последици предизвикани од Ковид-19, последните 24 часа во Бразил починаа 1.274 лица, 1.235 во Мексико, 135 во Аргентина, 342 во Колумбија, 74 во Перу, 33 во Еквадор, 22 во Чиле, 39 во Боливија, 37 во Гватемала и 33 во Панама

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 14.01.2021
Ковид-19 во Латинска Америка: Во Бразил починаа 1.274 лица, 1.235 во Мексико

БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка продолжува високата бројка на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19, последните 24 часа во Бразил починаа 1.274 лица, 1.235 во Мексико, 135 во Аргентина, 342 во Колумбија, 74 во Перу, 33 во Еквадор, 22 во Чиле, 39 во Боливија, 37 во Гватемала и 33 во Панама.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.274 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 205.964. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 60.899, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 8.256.536.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.277.195 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.235 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 15.873 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 136.917 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.571.901. Во оваа земја досега оздравеа 1.176.658 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет страницата „Worldometers“ која секојдневно ги ажурура податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 135 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 44.983. Во истиот период детектирани се 12.725 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.757.429.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.536.423 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 342 лице, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 47.124.

Во последните 24 часа детектирани се 15.898 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.831.980. Во оваа земја досега оздравеа 1.665.003 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 74 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.932 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.043.640, од кои починаа 38.473 лица, а оздравеа над 973.374 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Еквадор -

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 33 смртни случаи, вкупно 14.229 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 1748 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 224.315. Досега во Еквадор оздравеа 193.581 лица кои биле позитивни на коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 22 лица од вирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 17.204.

Во истиот период регистрирани се нови 3.390 случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 652.525, а оздравеа вкупно 611.564 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 39 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.057.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 178.818, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.493. Досега оздравеа 140.671 лица позитивни на коронавирусот.

- Гватемала -

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, изминатите 24 часа регистрирани се 37 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 5.117. Во истиот период детектирани се 1.004 новозаразени, вкупно 145.986 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 132.507 лица кои претходно биле позитивни на коронавирус.

- Панама -

Министерството за здравство на Панама соопшти дека во последните 24 часа од последици на Ковид-19 починале 33 лица, вкупно 4.594 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 3.315 новозаразени, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 288.408. Досега во Гватемала оздравеле 227.141 кај кои бил регистриран Ковид-19.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.