свет, Коронавирус

Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 889 починати во Бразил, 496 во Аргентина

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 889 лица во Бразил, 104 во Мексико, 496 во Аргентина, 488 во Колумбија, 270 во Перу, 100 во Чиле, 20 во Еквадор, 79 во Парагвај, 36 во Хондурас и на 49 лица во Уругвај.

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 11.05.2021
Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 889 починати во Бразил, 496 во Аргентина

БОГОТА

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 889 лица во Бразил, 104 во Мексико, 496 во Аргентина, 488 во Колумбија, 270 во Перу, 100 во Чиле, 20 во Еквадор, 79 во Парагвај, 36 во Хондурас и на 49 лица во Уругвај.

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 889 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 423.229.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 25.200, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.209.990.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 13.759.125 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 104 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 704 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 219.089 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.366.496, а досега оздравеа 1.888.638 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 496 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 67.821. Во истиот период детектирани се 17.381 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.165.121.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.837.058 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 488 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 78.342.

Во последното деноноќие детектирани се 12.543 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.015.301. Во оваа земја досега оздравеа 2.835.554 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 270 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 740 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.853.370, од кои починаа 64.373 лица, а оздравеа над 1.803.054 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 100 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка смртни случаи во оваа земја достигна 27.318.

Во истиот период регистрирани се нови 5.357 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.252.808, а оздравеа вкупно 1.188.831 лице претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 20 смртни случаи, вкупно 19.242 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 1.764 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 402.060.

Досега во Еквадор оздравеа 342.878 лица што биле позитивни на коронавирусот.

- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 79 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.895 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 299.684, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 7.209.

Досега оздравеа 248.587 лица позитивни на коронавирусот.

- Хондурас

Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 36 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 803 лица.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 220.988, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 5.701 лице, а оздравеа 81.639 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.

- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 49 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 3.171.

Во истиот период детектирани се 2.200 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 222.870 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 194.964 заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın