свет, Коронавирус

Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 1.657 починати во Бразил, 433 во Перу

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.657 лица во Бразил, 111 во Мексико, 65 во Аргентина, 397 во Колумбија, 433 во Перу, 1 во Чиле, 62 во Еквадор, 62 во Парагвај и на 60 лица во Уругвај

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 19.04.2021
Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 1.657 починати во Бразил, 433 во Перу

БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема висока бројка на животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.657 лица во Бразил, 111 во Мексико, 65 во Аргентина, 397 во Колумбија, 433 во Перу, 1 во Чиле, 62 во Еквадор, 62 во Парагвај и на 60 лица во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.657 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 373.335.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 42.980, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.943.071.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.391.599 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 111 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.506 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 212.339 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.305.602, а досега оздравеа 1.829.480 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 65 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 59.228. Во истиот период детектирани се 16.267 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.694.014.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.364.171 лице заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 397 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 68.328.

Во последното деноноќие детектирани се 16.871 лице позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.652.947. Во оваа земја досега оздравеа 2.471.498 заразени лица со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 13. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 433 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.081 новозаразен.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.704.757, од кои починаа 57.230 лица, а оздравеа над 1.627.969 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 122 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 25.177.

Во истиот период регистрирани се нови 7.294 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 1.124.718, а оздравеа вкупно 1.053.635 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор -

Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 62 смртни случаи, вкупно 17.703 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 2.389 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 360.546.

Досега во Еквадор оздравеа 309.541 лице што биле позитивни на коронавирусот.

- Парагвај -

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 62 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 1.801 лице позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 250.165, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 5.313.

Досега оздравеа 205.883 лица позитивни на коронавирусот.

- Уругвај -

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 60 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 1.908.

Во истиот период детектирани се 2.346 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 164.744 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 132.917 заразени со Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.