свет, Коронавирус

Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: Во Бразил 592 починати, во Мексико 530

Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 592 лица, 530 во Мексико, 90 во Аргентина, 392 во Колумбија, 169 во Перу, 79 во Чиле, 27 во Еквадор и 58 во Боливија

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 25.01.2021
Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: Во Бразил 592 починати, во Мексико 530

БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка има голем број смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 592 лица, 530 во Мексико, 90 во Аргентина, 392 во Колумбија, 169 во Перу, 79 во Чиле, 27 во Еквадор и 58 во Боливија.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 592 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 217.081. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 28.323, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 8.844.600.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.653.770 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 530 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 10.872 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 149.614 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.763.219. Во оваа земја досега оздравеа 1.320.448 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 90 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 46.827. Во истиот период детектирани се 5.031 новозаразен, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.867.223.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.656.149 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 392 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 51.374.

Во последните 24 часа детектирани се 12.516 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.015.485. Во оваа земја досега оздравеа 1.832.168 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 169 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.056 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.099.013, од кои починаа 39.777 лица, а оздравеа над 1.012.450 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 79 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 17.933.

Во истиот период регистрирани се нови 4.463 случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 699.110, а оздравеа вкупно 654.101 лице претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор -

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 27 смртни случаи, вкупно 14.623 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 3.060 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 241.292. Досега во Еквадор оздравеа 204.071 лице што биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 58 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.048.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 201.037, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.985. Досега оздравеа 150.439 лица позитивни на коронавирусот.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.