свет, Коронавирус

Карантинот во Грција продолжен уште една недела

- Вчера во Грција се регистрирани 2.152 новозаразени со Ковид-19, а животот го загубија 87 лица од последиците на заразувањето со вирусот

Tevfik Durul   | 26.11.2020
Карантинот во Грција продолжен уште една недела

АТИНА

Карантинот во Грција, кој е на сила до 30 ноември, ќе биде продолжен уште една недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Стелиос Петсас, портпаролот на Владата на Грција, изјави дека карантинот и полицискиот час во земјата, кои се на сила во периодот од 21:00 до 5:00 часот и беа планирани да важат до 30 ноември, ќе бидат продолжени до 7 декември.

Петсас рече дека оваа одлука е донесена поради континуираниот раст на бројката на заразени и смртни случаи.

Подвлекувајќи дека процентот на заразување е алармантен, особено во Солун, Серес, Лариса, Акарнанија и Лезбос, Петсас рече дека е прерано за ублажување на мерките, и покрај значителното намалување на бројката на заразени.

Поради зголемувањето на бројот на заразени лица во земјата, Грција воведе карантин на 7 ноември.

Според податоците што вчера ги објави Националната агенција за јавно здравје на Грција, бројот на пациенти заразени со Ковид-19 што се врзани на респиратор е зголемен на 597.

Вчера во Грција се детектирани 2.152 новозаразени, а починаа 87 лица носители на коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата во Грција, регистрирани се 97.288 случаи на зараза и 1.902 смртни случаи.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın