Турција, Коронавирус

Кампањата на солидарност против Ковид-19 во Турција за три дена собра 128 милони долари

Станува збор за кампањата која во понеделник вечерта ја покрена турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој во таа пригода рече дека се откажува од седум месечни плати во корист на кампањата

Dilara Hamit   | 03.04.2020
Кампањата на солидарност против Ковид-19 во Турција за три дена собра 128 милони долари

АНКАРА (AA) – Националната кампања на солидарност за борбата против пандемијата Ковид-19 во Турција за три дена собра близу 128 милиони долари, јавува Агенцијата Анадолија (АА).

Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека во рамките на кампањата досега се собрани 847 милиони турски лири (околу 128 милиони долари).

Станува збор за кампањата која во понеделник вечерта ја покрена турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој во таа пригода рече дека се откажува од седум месечни плати во корист на кампањата.

Ердоган на почетокот на кампањата го објави во понеделникот по седницата на членовите на кабинетот кои за кампањата донираа 5,2 милиони лири (791.000 долари).

Целта на кампањата е да се обезбедат дополнителни средства за помош на категориите на населението кое најтешко е погодено од пандемијата.

Кампањата за кратко време наиде на голем интерес во Турција.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија Ковид-19.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс во светот со коронавирусот се заразени повеќе од милион луѓе. Од последиците на заразувањето починаа повеќе од 51.485 заболени, а излекувани се близу 209.000 заразени лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın