свет, Коронавирус

Италија: Кинеската вакцина може да биде можен кандидат за вакцина за Европа

„Тоа ќе значи отстранување на ѕидовите и бариерите бидејќи истражувањата и производството се навистина глобални, исто како и за антибиотиците“

Barış Seçkin   | 13.01.2021
Италија: Кинеската вакцина може да биде можен кандидат за вакцина за Европа

РИМ (АА) - Генералниот директор на италијанската Агенција за лекови (AIFA), Никола Магрини, истакна дека кинеската вакцина (Sinovac) развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19) може да биде можен кандидат за вакцина за Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Магрини во изјавата за „Радио24“ (Radio24), посочувајќи дека Европската агенција за лекови (ЕМА) наскоро може да започне со анализа на кинеската вакцина, рече: „Кинеската вакцина (Sinovac) најверојатно ќе биде предмет на анализа во Европа. Доколку ги помине потребните тестови, може да биде уште еден кандидат за вакцина.“

Подвлекувајќи дека тие би ја поздравиле конкуренцијата во однос на тоа прашање, Маргини истакна дека доколку такво нешто стане реалност, тоа ќе биде интересен механизам и за Кина и за Европа.

„Тоа ќе значи отстранување на ѕидовите и бариерите бидејќи истражувањата и производството се навистина глобални, исто како и за антибиотиците“, нагласи Маргини.

Италија, кампањата за вакцинација ја започна на 27 декември 2020 година со вакцината на „Фајзер/БајоНТех“, а на почетокот на неделата ја обезбеди и вакцината на „Модерна“

Во Италија, бројот на вакцинирани достигна 800.730, и таа се наоѓа на прво место меѓу земјите на Европската Унија (ЕУ).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın