свет, Коронавирус

Италија за 10 дена очекува пад на случаите со Ковид-19

„Во моментот сме на врвот на епидемијата. За една недела до 10 дена ќе има значително намалување во бројката на позитивните случаи [од Ковид-19]“

Barış Seçkin   | 29.03.2020
Италија за 10 дена очекува пад на случаите со Ковид-19

РИМ (АА) - Италијанскиот заменик-министер за здравство, Пјерпаоло Силери, соопшти дека очекуваат сериозно намалување на новите случаи на коронавирус во рок од 7 до 10 дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Силери присуствуваше на програмата на „Би-би-си“ (BBC), на која ја оцени ситуацијата со Ковид-19 во неговата земја.

Посочувајќи дека бројките во последните два дена се високи, заменик-министерот Силери рече: „Во моментот сме на врвот на епидемијата. За една недела до 10 дена ќе има значително намалување во бројката на позитивните случаи [од Ковид-19].“

Силери, наведе дека бројот на починати моментално е голем, што, како што рече, се должи на големиот број случаи во изминатите недели.

„Ако се намали бројот на случаи, секако ќе се намали и бројот на смртни случаи“, нагласи заменик-министерот.

Министерот за регионални работи, Франческо Бочија, исто така учествуваше во телевизиската програма на која нагласи дека мерките кои имаат важност до 3 април неизбежно ќе бидат продолжени.

„Како и секогаш, Советот на министри ќе одлучи колку долго ќе бидат продолжени мерките. Сега е несоодветно и неодговорно да се зборува за тоа кога ќе бидат прекинати мерките. Сите сакаме да се вратиме во нормала“, додаде Бочија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın