свет, Коронавирус

Италија: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 10.779 лица

Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 73.880 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 97.689 лица

Barış Seçkin   | 29.03.2020
Италија: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 10.779 лица

РИМ (АА) - Во Италија починаа уште 756 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 10.779 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот директор на Цивилната одбрана, Анџело Борели, на прес-конференција во Рим ги сподели дневните податоци во врска со Ковид-19.

Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 73.880 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 97.689 лица.

Тој нагласи дека се излекувани нови 646 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 13.030 лица.

Според него, во последните часа починале уште 756 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 10.779 лица.

Борели упати благодарност до Албанија која испрати 30 здравствени работници во Италија за вклучување во борбата против оваа пандемија.

Бројката на починати денес во Италија е најмалата бројка регистрирана во последните три дена.

Од друга страна, 102-годишната Италика Грондона од градот Џенова успеа да се излечи од Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın