свет, Коронавирус

Италија: Антивладини протести за прв пат одржани на Денот на Републиката

- Илјадници демонстранти излегоа денес на улиците низ Италија и бараа оставка на актуелната влада која ја обвинуваат за лошо водење на државата во екот на пандемијата на Ковид-19

Ekip   | 02.06.2020
Италија: Антивладини протести за прв пат одржани на Денот на Републиката

РИМ

Илјадници демонстранти излегоа денес на улиците низ Италија и бараа оставка на актуелната влада која ја обвинуваат за лошо водење на државата во екот на пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Антивладините протести во повеќе градови во Италија ги организираа десничарските политички партии, а тоа е прв пат во историјата политичките протести во таа земја да се одржуваат на Денот на Републиката, празник по повод на референдумот од 1946 година, со кој Италија ја укина монархијата и се прогласи за Република.

„Не постои подобар начин на оддавање на почест на Републиката туку гласот на оние кои нема да дозволат ослабување на Италија“, порача челничката на десничарската партија Браќа на Италија, Џорџија Мелони на собирот во Рим.

Централниот протестен собир е одржан токму во Рим, а стотици демонстранти се придружија и на Матео Салвини, Антонио Тајани и другите лидери на опозицијата.

Демонстрантите носеа 500 метри долго национално знаме на Италија, а владата на премиерот Џузепе Конте ја обвинуваат дека е неспособна да ги реши проблемите и да обезбеди нови работни места.

Во попладневните часови во Рим е одржан уште еден антивладин протест кој го одржаа демонстрантите во портокалови елеци, а кои ги предводи поранешниот генерал на италијанска војска Антонио Папалардо.

По пример на протестите на жолтите елеци во Франција, во Италија е покрената кампања која ги собира граѓаните незадоволни со актуелната ситуација во таа земја, но и заговорниците на теориите на заговор и кампањата против вакцинирање на децата.

Претходно денес претседателот на Италија, Серџо Матарела го посети Кодогно, градот на северниот дел на Италија во кој е откриен првиот случај на заразување со Ковид-19 во Италија.

Матарело изјави дека пандемијата на Ковид-19, глобален кошмар и ја повика италијанската нација на единството во борба против последиците на таа пандемија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın