свет, Коронавирус

Истражување: Еднократните заштитни маски можат да имаат негативно влијание на околината

Научниот тим на Универзитетот во Свонзи откри дека тешките метали и пластичните влакна се ослободуваат кога искористените маски ќе се потопат во вода.

Alma Dekovic   | 04.05.2021
Истражување: Еднократните заштитни маски можат да имаат негативно влијание на околината

ЛОНДОН

Еднократните заштитни маски за лице можат да испуштаат хемиски загадувачи и нанопластика во околината, предупредија истражувачите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Научниот тим на Универзитетот во Свонзи откри дека тешки метали и пластични влакна се ослободуваат кога искористените маски ќе се потопат во вода. Предупредуваат дека е потребна подобра регулација и спроведување опсежни истражувања за нивното влијание на околината и јавното здравство.

„Пред пандемијата се залагавме за намалување на употребата на пластични сламки, намалување на амбалажата, но сега гледаме стотици и илјади од овие маски што се одлагаат“, изјави Сарпер Сарп, доктор кој работел на споменатото истражување.

Како што рече, потребно е да се даде приоритет, пред сè, да се победи пандемијата на коронавирусот и да се заштити јавното здравје.

„Тогаш, во меѓувреме, мора да преземеме чекори за заштита на животната средина“, рече Сарп, а беше цитиран од „Би-би-си“.

Уште во ноември минатата година истражувачите првобитно ги интересираше само влијанието на пластичниот отпад на околината. Но како што ги тестираа маските, открија сè повеќе хемикалии. Загадувачите често беа поврзани со боите што се користат во производството на маските, претежно изработени во јужна Азија, а посебно во Кина.

Тимот научници пронајдоа траги од олово, антимон и кадмиј - сите тешки метали што во мали дози би можеле да бидат токсични.

„На еколошко ниво со количината на производство на овие работи, сè се акумулира“, предупреди Герент Саливан од Кабинетот за трансфер на технологии на Универзитетот во Свонзи.

Тој истакна дека се пронајдени тешки метали кои исто така се биокумулативни, што значи дека не се отстрануваат од водените системи и со време се насобираат. Секоја маска што е потопена испуштала хемикалии.

„Тоа е навистина шокантно. Количината произведен материјал ќе има влијание на пошироката околина“, додаде Саливан.

    На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
    Поврзани теми
    Bu haberi paylaşın